(20.04.2015) 

ДЕНОВИ НА ПРАВНАТА ЛИТЕРАТУРА

ЈП Службен весник на РМ и Арс Ламина во заедничка акција 

ЈП Службен весник на РМ, во соработка со издавачката куќа Арс Ламина публикации, а во пресрет на претстојниот Саем на книгата, организираат заедничка акција за промоција на правната литература под наслов „Денови на правната литература“.

Акцијата ќе се одржи од 20 до 24 април 2015 година во Инфоцентарот на ЈП Службен весник на РМ, бул. Партизански одреди број 23 (Порта Буњаковец).

Целта на акцијата е да се подигне свеста кај организациите, здруженијата, урбаните заедници и граѓаните, дека секој треба да ги знае своите права и обврски кои произлегуваат од законите и правните регулативи поврзани со нивната дејност.

По тој повод, во текот на акцијата, соодветните изданија од двете организации ќе бидат со попуст до 50%.

Во текот на Деновите на правната литература, двете организации ќе одржат и посебни средби со здруженија, комори, општини, факултети, библиотеки и граѓани. Во Инфоцентарот сите заинтересирани ќе можат да се информираат за изданијата од областа на правната литература, како и за начинот на кој ќе можат да ги обезбедат со посебни поволности.

Попустот ќе продолжи и за време на 
Саемот на книгата, кој се одржува од 5 до 11 мај 2015 година.

Информирај се или закажи средба 02 / 55 12 400 или 02 / 3124 227
contact@slvesnik.com.mk или sales@arslamina.com

ПРЕЗЕМИ КАТАЛОГ