(11.06.2015) 

ШАМПИОНСКИ ПЕХАРИ ЗА ЈП СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РМ

Шампионски пехари за ЈП Службен весник на РМ на 21-ви синдикални спортски игри и средби во Охрид

Екипата на ЈП Службен весник на РМ, која ја сочинуваа Сашо Кукески, Никола Нацев, Стевчо Крстев и Љупчо Тренчев, од годинешниве синдикални спортски игри се вратија со пехари и награди во две дисциплини и тоа: освоено 1-во место во пикадо екипно во машка конкуренција и освоено 2-ро место во пинг-понг екипно во машка конкуренција.

Синдикатот на работниците од Управата, Правосудните органи и Здруженијата на граѓани на Република Македонија (УПОЗ), од 4 до 7 јуни 2015 година, во Охрид, хотел Метропол и хотел Белви, по 21-ви пат, ги организираа синдикалните спортски игри и средби во повеќе спортски дисциплини.

Честитаме за освоените пехари!