Електронски регистар на прописи на РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Електронскиот регистар на прописи на Република Македонија, претставува систематизиран преглед на прописите - закони и подзаконски акти кои се во сила во правниот систем во Републиката.

Составни делови на Електронскиот регистар на прописи се: опцијата Пребарување, Предметниот, Азбучниот и Хронолошкиот регистар, кои овозможуваат пребарување на прописите:

По наслов, или дел од наслов на пропис

по области, во рамките на областите содржани во

Предметниот регистар 

•по клучен збор, во рамките на поимите утврдени како

клучни зборови во Азбучниот регистар

•Хронолошко пребарување на прописи по година и број на издание на “Службен весник на РМ“

1 Опцијата ПРЕБАРУВАЊЕ дава можност за пребарување на конкретен пропис по наслов или дел од наслов на пропис преку која претплатниците на најбрз начин можат да дојдат до истите информации за прописите за кои се заинтересирани, што ги добиваат преку Предметниот, Азбучниот или Хронолошкиот регистар . 

2. Во ПРЕДМЕТНИОТ РЕГИСТАР содржината е распоредена во XXII основни области и 64 подобласти. Во секоја од нив, правните акти - прописите се распоредени според сродноста на материјата што се уредува со нив, на пример: државно уредување, стопанство, финансии, култура, наука, итн.

3. Во АЗБУЧНИОТ РЕГИСТАР, законите и другите прописи се пронаоѓаат преку клучни зборови - се идентификува поимот што претставува клучен збор за прописот, при што е користен македонскиот азбучен редослед консеквентно по буквите во азбуката, како и во рамките на секој одделен збор. Кон секој поим, односно пропис во кој е содржан поимот, означена е основната област и областа од Предметниот регистар на кој истиот е обработен. 

4. Во ХРОНОЛОШКИОТ РЕГИСТАР, прописите се пребаруваат по конкретна година и број на изданието на “Службен весник на РМ“.

Преземи PDF формулар за претплата на Електронскиот регистар на прописи на Република Македонија прописи.