(14-15.06.2007 - ХЕЛСИНКИ, ФИНСКА И ТАЛИН, ЕСТОНИЈА)

ЧЕТВРТ СОСТАНОК НА ФОРУМОТ НА ЕВРОПСКИТЕ СЛУЖБЕНИ ВЕСНИЦИ

На 14 и 15 јуни 2007 година во хелсинки, финска и талин, естонија се одржа четвртиот годишен состанок на европскиот форум на службени весници.

На форумот покрај претставниците на службените весници на земјите членки на европската унија и земјите кадидати, учествуваше делегација на јп службен весник на република македонија, предводена од директорот тони трајанов, во придружба на билјана цветановска, раководител на секторот за нормативно-правни работи, управување со човечки ресурси и општи работи.

На овогодишната средба на форумот се расправаше за актуелните теми од областа на електронското издавање на службените гласила на земјите од европската унија и земјите кандидати за членство, и тоа: електронското публикување (издавање) на легислативата; методи на автентификација на текстовите; електронското архивирање на службените весници; преземање на прописите и актите по дигитален пат од нивниот доносител, идните перспективи на електронското издаваштво и сл.

Работните групи, основани од страна на секретаријатот на форумот, ги презентираа своите годишни извештаи од својата работа, а воедно се предложи формирање на нови работни групи за: индексирање, консолидација на легислативата и слободниот пристап до службените весници.

Во однос на учеството на претставници на јп службен весник на рм во работните групи на форумот (2006 – xml, 2007 - data capturing), може да се заклучи дека искуствата се позитивни, односно добиените признанија за имплементацијата на проектите кај нас се високо оценети од страна на претседавачите на работните групи, како исклучително добри примери на имплементирани и презентирани проекти.

Јп службен весник на рм, како и останатите делегации присутни на форумот, во текот на одржувањето на форумот, од страна на кармен гомис бернал, директор на службениот весник од шпанија (director of the official gazette, Spain) доби покана за присуство на петата средба на форумот на службените весници на еу, што ќе се одржи во септември 2008 година во Мадрид, Шпанија.