(26-28.09.2013 - ЗАГРЕБ - РЕПУБЛИКА ХРВАТСКА)

ДЕСЕТТА СРЕДБА НА ФОРУМОТ НА ЕВРОПСКИТЕ СЛУЖБЕНИ ВЕСНИЦИ

На Во рамки на Европскиот форум на Службените весници, од 26 до 28-ми септември, официјалните издавачи на Службените весници од Европа, по десетти пат се сретнаа во Загреб – Република Хрватска.

На Форумот покрај претставниците на овластените издавачи на службените весници на земјите членки на Европската унија и земјите кадидати, учествуваше делегација на ЈП Службен весник на Република Македонија, предводена од директорот м-р Тони Трајанов, во придружба на Снежана Кузмановска, помошник-раководител на Секторот за нормативно-правни работи, управување со човечки ресурси и општи работи и Стевчо Крстев, соработник за претплата на изданија, продажба, наплата и грижа на корисници во Секторот за финансиско-материјално работење, претплата, огласи и маркетинг на ЈП Службен весник на РМ.

Десеттата годишна средба на Форумот беше во врска со актуелните теми од областа на издавањето, особено електронското издавање и во рамките на Форумот беа  презентирани следните теми: Отворени податоци; Добар закон – искуството на Обединетото Кралство, ставање на корисникот на прво место; Овозможување на користење на ELI (Европски Легислативен Идентификатор); Консолидација и кодификација – национални решенија за поедноставување и полесен пристап до законите; Метаподатоци – како тие еволуираа во Европската унија.

Годишната средба на Форумот, е искористена за продлабочување на взаемната соработка меѓу ЈП Службен весник на РМ и останатите овластени издавачи на службените гласила во Европа, а во тие рамки и со земјите од регионот.