(08 – 13.11 2011)

Учество на 34-от Интерлибер, Mеѓународен саем на книга во Загреб.

Саемот се одржа под покровителство на Министерството за култура на Република Хрватска, а во него учествуваа голем број истакнати куќи, препознатливи по своето издавачко и едукативно творештво. 
При оваа посета се оствари и средба на вработените во службените весници од соседните земји, кои имаа можност да ги разгледаат новите простории на дирекцијата на службениот гласник Народне новине д.д и нивната најнова печатница, како и да се запознаат со широкиот асортиман на производите коишто таму се подготвуваат.

 

Од приемот со Управата на Народне новине д.д и со колегите од соседните земји. Делегацијата на ЈП Службен весник на РМ ја предводеше директорот Тони Трајанов, а во составот беа и Митре Стојановски и Стевчо Крстев.