(07-09.11.2017)

Загреб 2017 година – Mеѓународен саем на книга

На покана на управата на Народне Новине на Република Хрватска, ЈП Службен весник на Република Македонија, од 07.11.2017 до 09.11.2017 година, присуствуваше на меѓународниот саем на книгата - Интерлибер, кој секоја година се одржува во Загреб. На средбата, покрај претставниците на Народне Новине присуствуваа и претставници на овластените издавачи од Србија, Црна Гора, Словенија и Босна и Херцеговина. Делегацијата на ЈП Службен весник на Република Македонија ја предводеше директорот Мартин Костовкси со Андон Стефановски, помошник-раководител на Сектор за компјутерска обработка на податоци.

Веќе традиционално, овој повод, за сродните институции, значи можност за рамена на информации и искуства и заемно споделување на позитивните примери, во интерес на унапредувањето на дејностите за кои и се основани. Во таа насока и годинава се разменија искуства во однос на продукцијата на изданијата, како на службениот весник така и на правната и друга литература, изработката на пречистените прописи, како и изнаоѓање на други дополнителни начини на финансирање на институциите. За делегацијата на ЈП Службен весник на Република Македонија од особен интерес беа искуствата во врска со дигиталните печатници кои ги имаат Службениот лист на Република Србија, Народне Новине на Република Хрватска и Службенио лист на Босна и Херцеговина.

Бидејќи досегашните директните средби на колегите од службените весници, во рамките на своите автохтони делувања, веќе дадоа резултати во реализацијата на некои слични проекти и оваа беше искористена за консултации и размена на мислења во делот на зголемување на меѓусебната соработка, зголемување на бројот на претплатниците, нудење на нови услуги и сервиси, како можност за следење на актуелните трендови и побарувања од страна на корисниците.