(25-26.09.2008 - МАДРИД, ШПАНИЈА)

ПЕТТИ СОСТАНОК НА ФОРУМОТ НА ЕВРОПСКИТЕ СЛУЖБЕНИ ВЕСНИЦИ

На 25-ти и 26-ти септември 2008 година во мадрид– кралството шпанија се одржа петтиот состанок на европскиот форум на службените весници.

На форумот покрај претставниците на овластените издавачи на службените весници на земјите членки на европската унија, учествуваше делегација на јп службен весник на република македонија, како една од земјите кадидати, предводена од директорот тони трајанов, во придружба на билјана цветановска, раководител на секторот за нормативно-правни работи, управување со човечки ресурси и општи работи.

На форумот се расправаше за актуелните теми од областа на издавањето на службените гласила на земјите од европската унија, и тоа: електронското публикување (издавање) на легислативата; електронското архивирање на службените весници; издавање на пречистени текстови на прописите, пристап до службените весници и легислативата – модели на финансирање, n-lex заедничкиот портал за пристап до легислативата на земјите членки на европската унија, како и за сегашните и идни тредови во издавањето на службените весници и улогата на европскиот форум на службените весници.

Во последно време се повеќе почна да се поставува прашањето дали службените весници треба да се издаваат само во електронска форма, пред се поради зголемениот број на побарувања за електронската форма, намалениот број на претплатници на печатената форма, а воедно и поради порационалното искористување на финансиските средства со кои располагаат овластените издавачи. но за тоа да се оствари, ќе мора овластените издавачи во својата работа да ги имаат имплементирано сите проекти – тематски подрачја за кои се расправаше на работните групи и на годишните средби на европскиот форум на службените весници, од неговото основање (2004 година) до денес.

Во секој случај електронското издавање го забрза процесот и времето за објавување на прописите, а воедно и го олеснува процесот на архивирање и пристап до легислативата. наведеното е секако во контекст на политиките за е-влада во земјите членки на еу.