(20-21.04.2011)

Учество на меѓународен саем на книга во  Сараево, Б и Х.

ЈП Службен весни на РМ  на покана на ЈП Службен лист од БИХ, од 20 - 21 април 2011 година, присуствуваше на свеченото отворање на 23-иот меѓународен саем на книга, кој се одржа во Сараево. Делегацијата ја предводеше директорот на претпријатието Тони Трајано во состав со, Митре Стојановски, Раководител на Сектор за материјано-финансиско работење, претплата, огласи и маркетинг, Биљана Цветановска, Раководител на Секторот за нормативно правни работи, управување со човечки ресурси и општи работи и Стевчо Крстев, Виш референт за маркетинг во Секторот за материјано-финансиско работење, претплата, огласи и маркетинг.

При посетата беа остварени повеќе средби со претставници на  делегациите на издавачите на службените гласила во регионов кои беа искористени за размена на информации и искуства кои се од особен интерес за нашаето јавно претпријатие, особено во делот на развојот на издавачката дејност и информатичките технологии.

Меѓународниот саем на книга и присуството на голем број на делегации на службените весници  како и значајното присуство на претставниците на познати и реномирани издавачки куќи беше искористен и за промовирање на новите работни простории на домаќинот ЈП Службен лист на БИХ.