(17-20.04.2007 - САРАЕВО - БИХ)

ПОСЕТА НА ЈП СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА БИХ

Делегацијата на јп службен весник на рм, во состав: тони трајанов - директор, андон стефановски - помошник раководител на секторот за издавачка дејност - редакција и компјутерска обработка на податоци и снежана кузмановска - виш советник за нормативно правни работи, од 17-ти до 20-ти април 2007 година, престојуваше во посета на јп новинско-издавачка организација службени лист на босна и херцеговина по повод 19-тиот меѓународен сам на книгата во Сараево.

Посетата беше остварена по покана од директорот и одговорен уредник на службениот лист на Босна и Херцеговина Драган Прусина, а имаше за цел посета на 19-тиот меѓународен саем на книгата во Сараево и зацврснување на веќе-воспоставената соработка, како и воспоставување на поблиска соработка на овластените издавачи на службените весници од регионот. Во рамките на утврдената програма од страна на домаќините сите делегации присуствуваа на свеченото отварање на 19-тиот меѓународен саем на книгата, при што беше посетен штандот на јп службени лист на Босна и Херцеговина, на кој како излагачи - гости со свои изданија беше претставен и службени гласник на Р. Србија.

Беше остварена средба и разговори и со членови на управниот одбор на јп службени лист на Босна и Херцеговина, високи функционери во Босна и Херцеговина, меѓу кои и со Исмет Трумиќ - секретар на владата на федерацијата Босна и Херцеговина. Делегацијата на јп службен весник на рм беше поканета и во просториите на јп службени лист на Босна и Херцеговина, при што беа водени разговори по повеќе тематски подрачја од областа на работењето на двете претпријатија. Заедничка оценка беше дека постои можност за добра взаемна соработка, како во областа на издаваштвото така и за евентуални заеднички проекти помеѓу двете претпријатија, како и пошироко - помеѓу овластените издавачи од регионот.