(19.04.2011)

Службените весници на Црна Гора и Македонија потпишаа договор за соработка.

Двете јавни претпријатија, ЈП Службен весник на РМ и ЈУ Службен лист на Црна Гора во писмена форма уште еднаш ги потврдија веќе воспоставените успешни, деловни и пријателски комуникации, кои многу години ја карактеризираат меѓусебната соработка.

На покана од колегите од Црна Гора, во април месец 2011 година, делегацијата на ЈП Службен весник на РМ, предводена од директорот м-р Тони Трајанов и во состав со Билјана Цветановска, раководител на Секторот за нормативно-правни работи, управување со човечки ресурси и општи работи и Стевчо Крстев, соработник во Секторот за финасиско-материјално работење, претплата, огласи и маркетинг, престојуваа во Подгорица, во посета на ЈУ Службен лист на Црна Гора за да се усогласат и да го потпишат Договорот за меѓусебна соработка.

Двете страни низ повеќе точки се договорија да воспостават деловна соработка во сите области на нивното професионално ангажирање, ставајќи акцент на издавачката дејност и меѓусебното подржување за понатамошниот развој на полето на информатичките технологии со цел што поуспешна реализација на сопствени стратегии, како и стекнување и размена на нови знаења од другите членови на Европскиот форум на службените весници.


Потпишување на Договор за меѓусебна соработка

Директор на ЈП Службен весник на РМ, Директор на ЈУ Службен лист на ЦГ,
м-р Тони Трајанов Момчило Вујошевиќ