06-08.11.2006 - БУДИМПЕШТА - УНГАРИЈА)

РЕГИОНАЛНА СРЕДБА НА СЛУЖБЕНИТЕ ВЕСНИЦИ

Делегација на ЈП Службен весник на РМ, во состав: Тони Трајанов - Директор, Билјана Цветановска - Раководител на Секторот за нормативно-правни работи, управување со човечки ресурси и општи работи, Андон Стефановски - Помошник раководител на Секторот за издавачка дејност - Редакција и компјутерска обработка на податоци и Снежана Кузмановска - виш советник за нормативно правни работи, од 6-ти до 8 октомври 2006 година, престојуваше во посета на Издавачот на Службениот весник на Република Унгарија.

На оваа регионална средба беа поканети директорите на: ЈП Службен весник на РМ; Народне Новине на Р. Хрватска; Службениот гласник на Р.Србија; Службениот гласник на Црна Гора; Службени лист на Босна и Хецеговина; Сл.гласило на Р. Словачка, на Р.Чешка, Р. Бугарија, Р.Словенија и др.

На оваа регионална средба, е отворено прашањето за формирање на регионално работно тело за издавање на регионален билтен со актуелни прописи од регионот на Југоисточна Европа, а во неговата работа да бидат вклучени научни и стручни работници, универзитетски професори, како и други лица - експерти од оваа област.

Д-р Ласло Кодела истакна дека ваквата идеја е подржана и од официјалните претставници од Службениот весник на Европската Унија. Исто така, тој нагласи дека во наредните два месеци ќе се преземат конкретни чекори за воспоставување на потесна соработка со овластените издавачи од земјите во регионот, со цел за остварување на наведените цели и идеи.