(18-20.04.2018)

Сараево 2018 година – Mеѓународен саем на книгата

На покана на Службен лист на Босна и Херцеговина, во периодот од 18.4.2018 до 20.4.2018 година, ЈП Службен весник на Република Македoнија присуствуваше на отворањето на 30-от Меѓународниот саем на книга во Сараево. Овие поводи редовно се добар повод за средби со сродните институции за размена на искуства во однос на делокругот на работата, продукцијата на изданијата, како на службениот весник така и на правната и друга литература и нови визии за изнаоѓање на други дополнителни начини на финансирање. Представниците на овие институции ја искористија можноста за консултации и размена на мислења во делот на зголемување на меѓусебната соработка, зголемување на бројот на претплатниците, нудење на нови услуги и сервиси за следење на актуелните трендови и побарувања од страна на корисниците. За ЈП Службен весник на Република Македoнија од особен интерес беа искуствата во врска со дигиталните печатници со кои Службен лист на Босна и Херцеговина располага повеќе од 4 години. Посетата на печатницата понуди нови информации во однос на потребните просторни услови, техничкиот персонал за работа со машините како и можностите за печатење на различни производи за сопствени и за потребите на други државни институции. Сето тоа искуство треба да помогне во идните планови на ЈП Службен весник на Република Македонија, за отворање на сопствена дигитална печатница и нејзино успешно димензионирање и работа. На средбите, покрај делегацијата од Македонија, која ја сочинуваа, директорот Мартин Костовски и Андон Стефановски, помошник-раководител на Сектор за компјутерска обработка на податоци, присуствуваше и делегација од Хрватска.