(17 – 19.04 2013)

Сараево 2013 година – ТРАДИЦИОНАЛНИ СРЕДБИ по повод Саемот на книгата.

ЈП Службен весник на Република Македoнија и годинава, во периодот од 17 до 19 април,  на покана на Службениот лист од Босна и Херцеговина, присуствуваше на отворањето на Меѓународниот саем на книгата – Сараево 2013, кој постепено прераснува вo средиште на љубителите на пишаниот збор и елитата во издаваштвото и публицистиката и тоа не само за Балканот или за Европа туку и за Азискиот континент. 

Традиционално, за раководството на Службениот лист на БИХ, овој повод значи можност за работна средба со колегите од сродните институции, за рамена на информации и искуства и заемно споделување на позитивните примери, во интерес на унапредувањето на дејностите за кои и се основани. Директните средби на колегите од службените весници веќе дадоа резултати во реализацијата на некои слични проекти, во рамките на своите државни рамки, а отвораат можност и за поинтензивна меѓусебна соработка.

На средбата присуствуваа делегации од Словенија, Хрватска, Црна Гора и од Македонија, предводена од директорот Тони Трајанов.