(10-12.12.2008 - ПАРИЗ, ФРАНЦИЈА)

ШЕСТИ СПЕЦИЈАЛЕН СОСТАНОК НА ФОРУМОТ НА ЕВРОПСКИТЕ СЛУЖБЕНИ ВЕСНИЦИ

На 10,11 и 12 декември 2008 година во Париз, Република Франција се одржа шестиот специјален состанок на Европскиот форум на службени весници по повод француското претседателствување со Европската унија.

На Форумот покрај претставниците на службените весници на земјите членки на Европската унија, земјите кадидати и специјални гости од Владини институции од Република Франција, учествуваше делегација на ЈП Службен весник на Република Македонија, предводена од директорот Тони Трајанов, во придружба на Андон Стефановски, помошник раководител на Секторот за Редакција и компјутерска обработка на податоци.

На специјалната средба на Форумот се расправаше за актуелните теми од областа на електронското издавање на службените гласила на земјите од Европската унија и земјите кандидати за членство, и тоа: електронското публикување (издавање) на легислативата; Поголема транспаретност; Компилација и публикација на легислативата, судстката прагса, огласите и нови искуства; Продукција, Консолидација и десиминација на легислативата; Пребарувачи на бази на податоци и размена на знаење; Најдобра пракса; Интероперабилност и безбедност; Автентификација; Архивирање; Data capturing at source и останати актуелни теми.