(14-16.09.2006 - ЉУБЉАНА - РЕПУБЛИКА СЛОВЕНИЈА)

ТРЕТ СОСТАНОК НА ФОРУМОТ НА ЕВРОПСКИТЕ СЛУЖБЕНИ ВЕСНИЦИ

Од 14-ти до 16-ти септември 2006 година во Љубљана – Република Словенија се одржа третиот состанок на Европскиот форум на службени весници.

На Форумот покрај претставниците на службените весници на земјите членки на Европската унија, учествуваше делегација на ЈП Службен весник на Република Македонија, како една од земјите кадидати, предводена од директорот Тони Трајанов, во придружба на Билјана Цветановска, Раководител на Секторот за нормативно-правни работи, управување со човечки ресурси и општи работи и Андон Стефановски, Помошник Раководител на Секторот за издавачка дејност – Редакција и компјутерска обработка на податоци.

На Форумот се расправаше за актуелните теми од областа на издавањето на службените гласила на земјите од Европската унија, и тоа: електронското публикување (издавање) на легислативата; методи на автентификација на текстовите; електронското архивирање на службените весници; употребата на XML стандардите во публикувањето и дистрибуцијата (електронска) на службените весници; електронското доставување и дистрибуирање на јавните повици за тендери и сл.

Форумот е искористен и за претставување на Република Македонија во издаваштвото-публикувањето на легислативата според европските стандарди и за продлабочување на взаемната соработка меѓу ЈП Службен весник на РМ и останатите овластени издавачи на службените гласила во Европа со кои веќе е вопостоставена таква соработка (Република Хрватска, Република Босна и Херцеговина, Република Црна Гора, Република Унгарија, како и Секретаријатот на Европскиот Форум на службените весници, и Канцеларијата за официјалните публикации на Европската унија (OPOCE) која го издава Службениот весник на ЕУ), особено во овој период кога нашата земја има статус на земја, кандидат за ЕУ и се наоѓа во процес на хармонизација на националната легислатива со легислативата на ЕУ. Воедно се воспоставија и нови можности за соработка, особено со Република Словенија, имајки го во предвид фактот што електронското издаваштво и кај нас и во Словенија е во експанзија, па размената на искуствата во овој правец ќе биде особено значајна за двете земји, како и со Република Грција, со цел воспоставување на соработка и размена на искуства од аспект на електронското издаваштво.

ЈП Службен весник на РМ, за време на одржувањето на Форумот, во Копенхаген доби и покана за присуство на Четвртата средба на Форумот на службените весници на ЕУ, што ќе се одржи во месец јуни 2006 година во Хелсинки, Финска и Талин, Република Естонија.

(од лево на десно: Андон Стефановски, Тони Трајанов, Билјана Цветановска)