БЛАГОДАРНИЦА ЗА ЈП СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РМ ОД НОТАРИТЕ НА РМ

Нотарската комора на РМ на своето годишно стручно советување што се одржа на 10 октомври 2012 година, во Охрид, на ЈП Службен весник на РМ му врачи признание – Благодарница, за особен придонес во развојот на нотаријатот.
Претседателот на НКРМ, Зорица Пулејкова, на оваа редовна средба, во име на сите нотари, му се заблагодари на директорот на ЈП Службен весник на РМ, Тони Трајанов, за личните напори и инвестиции, што ова претпријатие ги има преземено за унапредување на процесот на меѓусебната соработка со реализација на проектот -  „Интеграција со надворешните системи“.

Со овој проект, ЈП Службен весник на РМ воспостави електронска соработка со сите нотари и овозможи брз прием на нивните огласи  при што сите регистрирани нотари, преку интернет, имаат пристап до посебна веб-апликација, преку која се одвива размената на податоците. Секој нотар е поединечно регистриран, има своја засебна интернет работна околина со корисничко име и лозинка, како и дигитален сертификат за електронско потпишување на податоците.
 
Оваа редовна нотарска средба, ЈП Службен весник на РМ ја искористи и за презентација на своите услуги, како и на единствениот пакет на понуди за нотарите кој е резултат на потпишаниот меморандум за соработка помеѓу двете институции, Нотарската комора на РМ и ЈП Службен весник на РМ.