(11.04.2012)

НА ПОРТАЛОТ НА ЈП СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РМ, WWW.SLVESNIK.COM.MK, ПО ЕЛЕКТРОНСКИ ПАТ, ЗА НЕВАЖЕЧКИ, МОЖАТ ДА СЕ ОГЛАСУВААТ И СВИДЕТЕЛСТВА, ИНДЕКСИ, УВЕРЕНИЈА, ДИПЛОМИ И ЛЕГИТИМАЦИИ.

ЈП Службен весник на РМ со вовеување на Проектот - Интеграција со надворешните системи, продолжува да воведува што поедноставна комуникација со граѓаните. Со Министерството за внатрешни работи се овозможи електронска објава за неважечи на четири важни документи: лична карта, пасош, возачка и сообраќајна дозвола. Потоа со Нотарите и Извршителите се воспостави „виртуелнa комуникација“, за сега како следна фаза од овој проект, да се овозможи електронска уплата на други видови неважечки документи, согласно со Тарифата за огласување во ,,Службен весник на Република Македонија“.
Така, во оваа листа, за електронска објава за неважечки документи, ЈП Службен весник на РМ, ги додаде и објавите за: свидетелствата, индексите, легитимациите, дипломите и уверенијата.
За објава на овие документи, годишно пред шалтерите на ЈП Службен весник на РМ, доаѓаат од 8 000 до 10 000 граѓани. Само поради изгубени свидетелства, во минатата година, објава побарале околу 5 000 лица, за изгубена легитимација или книшка се обратиле околу 2000 лица, а за диплома оклу 1 500тини лица.
Нивниот интерес е различен од месец во месец. За објава за неважечко свидетелство, во јануари минатата година, до шалтерот на ЈП Службен весник дошле околу 200 лица, во март околу 300 лица, а за периодот, мај – јуни, пред уписите во средните и високо-образовните институции, околу 1 500тини лица.
„Многу потрошено време, многу непотребно изгубени саати и трпение. Наместо на шалтер, тропнете или подобро да кажам, влезете на нашиот електронски портал, www.slvesnik.com.mk и кликнете на насловот – уплата за неважечки документ преку интернет. Потоа се е лесно и едноставно,“ изјави директорот на ЈП Службен весник на РМ, Тони Трајанов, на средба со новинарите, на која беше презентиран најновиот сегмент од проектот Интеграција со надворешните системи. Овој проект овозможува електронска трговија со сите продукти и сервиси што ги нуди ЈП Службен весник на Република Македонија, како и електронска наплата со користење на сите платежни картички кои имаат поддршка во Република Македонија.