(13.11.2012)

ЈП СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РМ, ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА НА ГРАДОТ СКОПЈЕ „13 НОЕМВРИ“

Одборот за доделување на нагарадата „13 Ноември“ на Град Скопје, во областа за публицистиката, за 2012 година,  одлучи наградта да му ја додели на Јавното претпријатие Службен весник на Република Македонија за проектот  - Дигитализација на службените весници, за период од 1945 година до денес. 
По својата  содржина, овој проект може да се вброи во значаен хроничар на речиси седум декади живот, настани и личности. Овој проект е водич низ времето, кој низ објавените прописи, укази и други законски акти, дава преглед на социјалните случувања, на сферите на интересите, на политичките намери, општественото расположение и организирањето на државотворните рамки.
За дигитализација на службените весници издадени во овој период,  вкупно беа обработени 194.650 страници за помалку од една година, а процесот продолжува во континуитет. 
На денот на прославата, на празникот на Градот Скопје, на 13 ноември,  оваа престижна награда му беше врачена на директорот на Јавното претпријатие Службен весник на Република Македонија, м-р Тони Трајанов.