(19.06.2014) 

Повторно пехари за ЈП Службен весник на РМ на годинешниве синдикални спортски игри во Охрид 

Екипата на ЈП Службен весник на РМ, која ја сочинуваа Стевчо Крстев, Сашо Кукески, Љупчо Тренчев и Никола Нацев, од синдикалните спортски игри кои од 13 до 15 јуни 2014 година се одржаа во Охрид, хотел Метропол, се вратија со награди во две дисциплини и тоа: со освоено 3-то место во пинг-понг екипно во машка конкуренција и освоено 2-ро место во стрелаштво, поединечно во машка конкуренција.

Овој пласман на екипата на ЈП Службен весник на РМ ќе и овозможи понатамошно учество на меѓународно ниво, кое наесен ќе се одржи во Република Српска.

Годинава, по 20-ти пат, Синдикатот на Работниците од Управата, Правосудните Органи и Здруженијата на граѓани на Република Македонија (УПОЗ) ги организираше синдикалните спортски игри и средби во повеќе спортски дисциплини.