(15-17.09.2011 - РИГА, РЕПУБЛИКА ЛАТВИЈА)

ОСМА СРЕДБА НА СЛУЖБЕНИТЕ ВЕСНИЦИ ОД ЕВРОПА

Во рамките на Европскиот форум на Службените весници, официјалните издавачи на Службените весници од Европа, во септември 2011 година, по осми пат се сретнаa во Рига – Република Латвија (Летонија).
Годишната средба на Форумот се одржа на 15-ти и 16-ти септември, а темата на овој форум беше “Објавувањето на актите во службените весници како финален чекор во легислативниот процес: правни и технички аспекти“.
На Форумот покрај претставниците на овластените издавачи на службените весници на земјите членки на Европската унија и земјите кадидати, учествуваше делегација на ЈП Службен весник на Република Македонија, предводена од директорот Тони Трајанов, во придружба на Снежана Кузмановска, помошник-раководител на Секторот за нормативно-правни работи, управување со човечки ресурси и општи работи.
Годинешната средба на Форумот повторно беше во врска со актуелните теми од областа на издавањето на службените гласила на земјите од Европската унија, а беа презентирани и годишните извештаи од активните работни групи на Форумот, во чија работа учествуваше и ЈП Службен весник на РМ и тоа: работната група “Индексирање и пребарување“ , “Пристап до легислативата“ и “Размена на искуства и добри практики“.
Јавното претпријатие Службен весник на Република Македонија е член на Европскиот форум на службените весници уште од 2005 година и оттогаш редовно присуствува на годишните средби на Форумот, на кои се разменуваат искуства од областа на дејноста што спаѓа во делокругот на работи на официјалните издавачи на службените весници, во земјите членки на Европската унија и пошироко