ЈП „Службен весник на РМ“ ја претстави електронската база на прописи во РМ, пред компаниите и институциите од општините Велес, Чашка и Градско

Во рамките на Проектот „Партнерство за подобра бизнис-регулатива“, на првата информативна сесија која се одржа на 22.3 2017 година, во Велес, ЈП „Службен весник на РМ“ имаше можност да ја претстави својата е-база на прописи во РМ. Проектот е поддржан од УСАИД, а го предводат: Стопанска комора на Македонија, Стопанска комора на Северозападна Македонија и Стопанска комора за информатички и комуникациски технологии (МАСИТ). Целта на настанот беше информирање на компаниите и институциите за подобра усогласеност со законската регулатива и тоа на тема: „Правата и обврските кои произлегуваат од Законот за работни односи и Законот за безбедност и заштита при работа“, преку детектирање на промените што би сакале да ги видат во соодветните регулативи. ЈП „Службен весник на РМ“ ја искористи можноста да ја претстави својата извонредна услуга, е-базата на прописи од целокупното законодавство во РМ, како одлична алатка за нивно безбедно правно секојдневно дејствување. Електронската база на прописите во РМ претставува единствена архива со над 30.000 прописи, организирани во 22 области, односно во 64 подобласти, која овозможува брзо пребарување, по клучен збор, на секој пропис и нуди редакциски пречистени текстови на закони. На настанот присуствуваа повеќе од 30 учесници од повеќе сектори и тоа од: градежниот, текстилниот, металскиот и прехранбениот сектор, од трговските друштва на големо и мало, а имаше и претставници од Јавното комунално претпријатие, од општините Велес, Чашка и Градско и претставници од Вардарско-планскиот регион кои се соочуваат со тешкотии во имплементирањето на законите.

Во периодот од 22 март до 7 јуни 2017 година е предвидено да се реализираат 18 информативни сесии во 10 градови: Велес, Куманово, Тетово, Кавадарци, Битола, Струга, Охрид, Струмица, Штип и во Скопје на три теми:
1.Правата и обврските кои произлегуваат од Законот за работни односи и Законот за безбедност и заштита при работа;
2.Правата и обврските кои произлегуваат од Законот за даночна и царинска политика и
3.Правата и обврските кои произлегуваат од законските одредби од областа на животната средина и урбанизмот.
ЈП „Службен весник на РМ“ со својата презентација на е-базата на прописи во РМ, ќе биде дел од сите средби.

 

 

Со почит,                                               
ЈП Службен весник на РМ