ЈП Службен весник на Република Македонија ја зајакнува меѓународната соработка

Денес В.Д. директорот на ЈП „Службен весник на Република Македонија“, Лука Кржалоски, оствари средба со директорот на „Службен лист на Република Црна Гора“, Момчило Вујошевиќ. На средбата, двајцата директори дискутираа за повеќе прашања кои се однесуваат на обврските и задолженијата на двете сродни институции, како и за размена на искуствата во однос на заедничкиот делокруг на работа. Посебен акцент беше ставен на издавањето на службеното гласило, организирањето на прописите во електронската база на податоци, со изработка на пречистени редакциски текстови, како една од клучните потреби на корисниците, но беа разгледани и други можности како дополнителен начин за финансирање на институциите и зголемување на бројот на претплатниците. В.Д. директорот, Кржалоски изрази надеж дека ваквите контакти можат да поттикнат и овозможат потесна меѓусебна соработка, во доменот на размената на законската регулатива на двете земји, за што директорот Вујошевиќ најави потесна и почеста комуникација со цел, подготовка на нови услуги и сервиси, кои ќе бидат од интерес на корисниците на услугите.

Со почит,                                               
ЈП Службен весник на РМ