20.12.2018

ЈП СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА И ВРХОВНИОТ СУД НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПОТПИШАА МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА

Директорот на ЈП Службен весник на Република Македонија, Мартин Костовски, и претседателот на Врховен суд на Република Македонија, Јово Вангеловски, на ден 20 декември 2018 година, потпишаа Меморандум за соработка, со цел поврзување на информациските системи на двете институции, во делот на доставата на огласите кои судовите ги објавуваат во службеното гласило.


Со потпишувањето на овој Меморандум се зајакнува меѓусебната соработка и се олеснува автоматската размена на податоците во електронска форма помеѓу двете институции, со цел да се овозможи интеграција на АКМИС-системот со информатичкиот систем на јавното претпријатие за подготовка на службеното гласило „Службен весник на Република Македонија“.
За ЈП Службен весник на Република Македонија овој меморандум ќе овозможи брза комуникација со која ќе се елиминира досегашната практика за мануелна обработка и внес на сите огласи и нивно печатење во хартиена верзија, во интерес на зголемена ефикасност и економичност при нивното менаџирање. На средбата, двете институции изразија задоволство од досегашната соработка и најавија нови заеднички проекти кои би биле од корист за судовите, но и за стручната и за пошироката јавност.