(13.03.2013)

ПРИРАЧНИК ЗА ПРИМЕНА НА ДАНОЧНИТЕ ПРОПИСИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

ЈП Службен весник на РМ издаде нова книга, „ ПРИРАЧНИК за ПРИМЕНА на ДАНОЧНИТЕ ПРОПИСИ во РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА “.
Ова најново издание е ЗБИРКА на закони со објаснувања  на:
- ЗАКОН ЗА ДАНОК НА ДОБИВКА,
- ЗАКОН ЗА ДАНОК НА ДОДАДЕНА ВРЕДНОСТ, и
- ЗАКОН ЗА ПЕРСОНАЛНИОТ ДАНОК НА ДОХОД.

Со оваа најнова публикација, Јавното претпријатие Службен весник на Република Македонија им излезе во пресрет на сите заинтересирани, правни и физички лица, кои имаат потреба од прецизно дефинирање на одредбите на дел од законите кои ја регулираат даночната политика. Новата книга, „Прирачник за примена на даночните прописи во Република Македонија“ која излезе од печат е ЗБИРКА на интегрални-редакциски пречистени текстови на ЗАКОНИ од областа на даноците, со предговор, објаснувања и практични примери и представува водич за нивна правилна примена.

Ова издание е заеднички труд на ЈП Службен весник на РМ и Управата за Јавни приходи на РМ.