2011.02.11

ПРОМОВИРАН ПРОЕКТ ДИГИТАЛИЗАЦИЈА НА СЛУЖБЕНИТЕ ВЕСНИЦИ ИЗДАДЕНИ ВО ПЕРИОД ОД 1945 ДО 2010 ГОДИНА

Јавното претпријатие Службен весник на Република Македонија како институција од јавен интерес, покрај својата основна цел, објавувањето на законите, другите прописи и акти во “Службен весник на Република Македонија“, како и издавањето на службеното гласило “Службен весник на Република Македонија“, реализира повеќе проекти во интерс на доближување на своите услуги на граѓаните меѓу кои и зачувување на богата архива на објавени законски акти. На 11.февруари 2011, во Инфо центарот беше промовиран Проектот - Дигитализација на службените весници и изданија во период од 1945 до 2010година. Проектот го промовираше и го претстави директорот на ЈП Службен весник, Тони Трајанов, кој во своето обраќање до јавноста нагласи:
„Овој проект, на сите заинтересирани граѓани без правна подлога, на сите студенти, правници и сите корисници на услугите на Службен весник, преку една екстензивна и лесна за ракување – дигитална база на податоци, со едно кликнување им овозможува брз преглед во содржината на секое издание низ годините, на секој пропис, а воедно и следење на изменувањата и дополнувањата на законите, на подзаконските акти и поврзаните прописи. Со овој сеопфатен, историски, хронолошки и актуелен приказ, ЈП Службен весник прави значаен исчекор за електронско архивирање на содржинините на печатените изданија на службеното гласило, збирките на прописи и другите изданија, создавајќи единствена база на податоци. Со ваков директен, бесплатен, пристап, ЈП Службен весник на Р.М. е прв и единствен во рамките на бившите југословенски простори и пошироко.

Но Проектот - Дигитализација на службените весници и изданија во период од 1945 до 2010 е многу повеќе од едноставна алатка како лесна техничка помош на граѓаните. Со својата содржина, овој проект може да се вброи во значаен хроничарир на речиси седум декади живот, настани и личности. Овој прект е водич низ времето, кој низ објавените прописи, укази и други законски акти, дава преглед на социјалните случувања, на сверите на интересите, на политичките намери, општественото расположение и организирање на државотворните рамки.

Дигитализацијата на сите изданија низ овој долг историски и временски период е сведок за поредокот, за неговите промени и влијанијата кои го менувале и движеле политичкото уредување на просторите на некогашна Југославија до и по осамостојувањето на Македонија. Од архаичните зборови, изрекуваните казни, наименувања на личности на низ времето основани, преиманивани или новосоздадени иснституции оваа база на податоци од 45 до денес може да биде и основа и провокација за нови научни истажувања, магистерски трудови и публикации.“

За дигитализација на службените весници издадени во период од 1945 до 2001 година Некстсенс и Неоком, за потребите на Службен весник и реализација на овој проектот, дигитализираа вкупно 194.650 страни за помалку од една година. На почеток на проектот се изврши подготовка и оптимизација на процесот на дигитализација кој опфати неколку фази: скенирање, обработка на скенираните фотографии, оптичко препознавање, корекција, верификација, индексирање по клучни зборови и нивно интегрирање во постоечката база на податоци на Службен весник на РМ.
Покрај тоа направен е нов подобрен концепт на интуитивно пребарување како и оптимизација на целиот систем со цел побрз пристап до бараните информации.
Во процесот на скенирање и оптичко препознавање беше користена опцијата за подобрување на самиот софтвер во зависност од квалитетот на оригиналните печатени изданија како и користената терминологија и фонд на зборови во постарите изданија.
Опремата која се користеше во овој проект е:
- Моќни работни станици Neocom Polaris базирани на повеќејадрени Intel процесори и хард дискови во RAID поле, на кои беше инсталиран целокупниот софтвер,
- Fujitsu fi-6230 Document Scanner, во процесот на скенирање,
- Kofax VRS, во процесот на обработка на скенираните фотографии,
- Abbyy Finereader, во процесот на оптичко препознавање, корекција и верификација
ЈП Службен весник со реализација на овие проекти и преку Инфо центарот прави значаен исчекор кон следењето, имплементацијата и усогласување со европските стандарди во оваа област и заложбите на Владата на Р.М за е- Влада и електронска понуда на услуги до своите сограѓани.