2011.04.09

СООПШТЕНИЕ ВО ВРСКА СО НАПАДИТЕ ОД СРД

Јавното претпријатие Службен весник на Република Македонија деновиве е под силен притисок и неосновани напади од страна на г.Зоран Стефановски, претседател на Советот за радиодифузија на РМ.
Г. Зоран Стефановски се заканува преку изјави и пресконференции со поднесување на кривични пријави против ЈП Службен весник на РМ и против директорот и одговорен уредник на ЈП Службен весник на РМ, создавајќи непотребна вознемиреност во јавноста со што и го дисквалификува јавното претпријатие Службен весник на РМ.
Правилникот за однесување на радиодифузерите во периодот пред започнување на изборната кампања и Правилникот за рамноправен пристап во медиумското претставување за време на изборна кампања, се објавени во законски утврдениот рок, односно ден пред неговиот истек.
Инаку, сакаме да ја информираме јавноста дека овие правилници се донесени од страна на Советот за радиодифузија, без да се почитува Изборниот законик, односно без претходно добиено мислење од Државната изборна комисија, или без нивно претходно изјаснување. Ваквата постапка е спротивна на членот 75 од Изборниот закон.
Г. Зоран Стефановски, без предходна одлука на Советот за радиодифузија поднесе кривична пријава против ЈП Службен весник на РМ и директорот и одоворен уредник на ова јавно претпријатие притоа без да го почитува основното начело на презумција на невиност јавно ги објави.
Сакаме да нагласиме дека ЈП Службен весник на РМ е реномирана и високопрофесионална државна институција, која работи согласно со уставните надлежности и законските овластувања.
ЈП Службен весник на РМ ги отфрла сите обиди за негово разорување и со индигнација ги отфрла сите обиди за негова дискфалификација.
Со цел до крај да останеме професионални, по законски пат ќе го браниме нашето законско работење и сомнежите дека ова претпријатије работи под чиј било диктат.
Во оваа насока, ЈП Службен весник на РМ и директорот и одговорен уредник на ова јавно претпријатие, денес поднесоа кривична пријава и кривична тужба против г. Зоран Стефановски поради постоење на основани сомненија дека тој сторил „кривично дело“, „лажно пријавување на кривично дело“ и „клевета“.
ЈП Службен весник на РМ и натаму ќе работи на законски и на високостручен и професионален начин.