ЈП СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РМ И КОМОРАТА НА АДВОКАТИТЕ НА РМ ЈА ПОТВРДИЈА СВОЈАТА СОРАБОТКА

На 11.5.2012 година Адвокатската комора на РМ и Јавното претпријатие Службен весник на Република Македонија, потпишаа Меморандум за соработка.
Сферата на интересите, законодавството во Република Македонија, одамна е тесна нишка која веќе многу години ја поврзува адвокатската фела со ЈП Службен весник на РМ во професионалното секојдневие. Следејќи го тој континуитет, овие две институции прават чекор повеќе. Овој меморандум за соработка, треба да овозможи една правна рамка за заемните права и обврски на ЈП Службен весник на РМ и Адвокатската комора на РМ, кои ќе треба да произлезат низ него. ЈП Службен весник на РМ очекува овој документ да разбуди широк интерес кај адвокатите, членови на Адвокатската комора на РМ, а понатаму во својата понуда да овозможи специјални услуги за адвокатите, кои ќе значат бенефит во двете насоки. Овој документ, освен како израз на добрата волја, заемната институционална поврзаност и почитување, треба да биде и носител на идните размисли за нова соработка.

„Меморандумот за соработка“ со Адвокатската комора на РМ беше потпишан по  промоцијата на ЈП Службен весник на РМ на новиот проект за изработка на редакциски односно авторски пречистени текстови.