65 ГОДИНИ СЛУЖБЕН ВЕСНИК

КОН ЈУБИЛЕЈОТ – 65 ГОДИНИ СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РМ

Јавното претпријатие Службен весник на Република Македонија на 18 февруари 2010 година ја одбележа 65-годишнината од донесувањето на Одлуката за издавање на „Службен лист на Федералната единица Македонија“ и издавањето на првиот број на службеното гласило.

КОН НАШИОТ 65-ГОДИШЕН ЈУБИЛЕЈ

Почитувани,
Ќе се согласиме дека првиот впечаток за организираноста на државата е правната регулатива и нејзиното навремено донесување, објавување и спроведување.
Ова особено сега, кога Република Македонија успешно чекори кон европските интеграции, каде што важен сегмент е усогласувањето на нашето законодавство со законодавството на Европската Унија, за што говорат и бројните прописи објавени во голем број изданија на службеното гласило „Службен весник на Република Македонија“ (од 1945 год. до денес, се објавени 3580 броја),кое од година во година бележи сè поголем број, што сведочи за успешните резултати како на институциите во државата, така и на работата на претпријатието.
65 – годишниот јубилеј на службеното гласило „Службен весник на Република Македонија“, откога Президиумот на АСНОМ на 18 февруари 1945 година, донесе Одлука за издавање на ,,Службен лист на Федералната единица Македонија“, сведочи за историјата на нашата држава, за сите важни и историски акти и документи објавени во ова службено гласило, кое чекори заедно со историјата и иднината на нашата држава.
Во службеното гласило ,,Службен весник на Република Македонија“, од неговиот прв број, па сè до денес, се објавени бројни закони и подзаконски акти, кои го сочинуваат правниот систем на државата, при што ова гласило ги опфаќа сите значајни настани кои ја одбележаа нашата историја.`
Со оглед на позитивниот исчекор и следењето и имплементацијата на европските стандарди во својата работа, ова претпријатие во изминатиот период оствари успешна соработка со Европскиот форум на службени весници, преку презентирање на своите резултати во работењето, за што во текот на 2008 година ги доби меѓународно признаените сертификати – за квалитет ИСО 9001: 2008 и за безбедност на информациските системи ИСО 27001: 2005, со што Јавното претпријатие Службен весник на Република Македонија е едно од ретките јавни претпријатија кај нас здобиено со сертификатот за квалитет и е прво Јавно претпријатие во Република Македонија здобиено со сертификат за безбедност на информациските системи.
Oвој јубилеј нека биде поттик за уште поголеми успеси на претпријатието.

Директор,
Тони Трајанов

Доделени награди по повод 65 години Службен весник на Република Македонија

Плакета „18-ти февруари“ се доделува на:
– м-р Никола Груевски – Претседател на Владата на Република Македонија,

од редот на вработените и секторите во претпријатието, на:
– Митре Стојановски, раководител на Секторот за финансиско-материјално работење, претплата, огласи и маркетинг и
– Секторот за издавачка дејност – редакција и компјутерска обработка на податоци.

Благодарница „18-ти февруари“ се доделува на:

Од редот на институции, поединци и деловни партнери за остварување успешна соработка и кои придонеле во работењето и остварувањето на функцијата на Јавното претпријатие:
1. Генералниот секретаријат на Владата на РМ
2. Генералниот секретар на Владата на РМ
3. Стојан Тодоров, претходниот Генерален секретар на Владата на Република Македонија
4. ЈП Службен гласник на Република Србија
5. ЈУ Службен лист на Република Црна Гора
6. Народне новине ДД – Република Хрватска
7. ЈП Службен лист на Босна и Херцеговина
8. ЈП Урадни лист на Република Словенија
9. Друштво за информатичка технологија „Некст Сенс“ ДОО Скопје
10. Графички Центар, Скопје
11. Европа 92, Кочани.

Од редот на органите на управување на претпријатието:
1. Борис Јосифовски, претседател на Управниот одбор
2. Абдираман Алити, член на Управниот одбор
3. Марјан Димитровски, член на Управниот одбор
4. Сашо Стефаноски, член на Управниот одбор
5. Емил Милев, поранешен член на Управниот одбор
6. Нелко Нелковски, претседател на Одборот за контрола на материјално - финансиското работење
7. Васко Апостоловски, член на Одборот за контрола на материјално - финансиското работење
8. Гоце Кузмановски, член на Одборот за контрола на материјално - финансиското работење
9. Ромео Јосифовски, член на Одборот за контрола на материјално - финансиското работење
10. Аки Мустафи, член на Одборот за контрола на материјално - финансиското работење.

Пофалница „18 - ти февруари“ се доделува на:
1. Секторот за финансиско-материјално работење, претплата, огласи и маркетинг
2. Секторот за нормативно-правни работи, управување со човечки ресурси и општи работи
3. Јелица Барутовска - Темовска, раководител на Секторот за издавачка дејност, редакција и компјутерска обработка на податоци
4. Кирил Соларов, помошник - раководител на Секторот за издавачка дејност, редакција и компјутерска обработка на податоци – технички уредник
5. Билјана Трајческа, виш референт – прелом техничар во Секторот за издавачка дејност, редакција и компјутерска обработка на податоци
6. Билјана Цветановска, раководител на Секторот за нормативно-правни работи, управување со човечки ресурси и општи работи
7. Снежана Кузмановска, помошник - раководител на Секторот за нормативно-правни работи, управување со човечки ресурси и општи работи
8. Цветанка Арсовска, референт - оператор на ТТ централа и информации во Секторот за нормативно-правни работи, управување со човечки ресурси и општи работи
9. Сашо Кукески, виш референт – економ, магационер во Секторот за финансиско-материјално работење, претплата, огласи и маркетинг и
10. Аднан Адеми, референт – во книжарница, во Секторот за финансиско-материјално работење, претплата, огласи и маркетинг.

Интервју на Директорот Тони Трајанов во дневниот весник „Дневник“ Интервју на Директорот Тони Трајанов во дневниот весник „Утрински Весник“ „Вечер“ за Јубилејот Фото галерија