ЛИЧНА КАРТА И ОСНОВНИ ИНФОРМАЦИИ
ОСНОВНИ ПОДАТОЦИ
ЈП Службен весник на Република Македонија ц.о. Скопје
бул. Партизански Одреди бр. 29
П.фах 51
1000 Скопје.
тел. +389-2-5512400
факс. + 389-2-5512401
e-mail: contact@slvesnik.com.mk
web: www.slvesnik.com.mk
ЕДБ: 4030987108771
300000000188798 - Комерцијална банка АД,
320000000077509 - Централна Кооперативна Банка АД,
210040548570186 - Тутунска банка АД,
240010001812328 – Универзална инвестициона банка АД,
290100000091129 – ТТК банка АД,
200001876134610 – Стопанска банка АД. Скопје
370011100167674 – Еуростандард банка АД,
250031000101004 - Шпаркасе банка АД.
270040548570290 - Халкбанка АД.
Јавното
претпријатие„ Службен весник на Република Македонија“
ц.о. - Скопје е основано со Законот за објавување на законите и другите прописи
и акти во “Службен весник на Република Македонија“ (“Сл.весник на РМ“, бр.56/99
од 31 август 1999 година), како правен следбеник на Новинско-издавачката
работна организација Службен весник на Република Македонија - Скопје.
Основна дејност на Јавното претпријатие Службен весник на
Република Македонија ц.о. – Скопје е објавувањето на законите, другите прописи
и акти во “Службен весник на Република Македонија“, како и издавањето на
службеното гласило “Службен весник на Република Македонија“, како дејност од
јавен интерес.
Објавувањето на законите, другите прописи и акти се врши во
печатена и во електронска форма.Изданието“Службен
весник на Република Македонија“ се печати и се
објавува на македонски јазик, а од 2002 година законите се објавуваат и на друг
службен јазик кој го зборуваат најмалку 20% од граѓаните што припаѓаат на
заедниците во РМ.
Содржината на службеното гласило “Службен весник на РМ“ ги
опфаќа следните делови:
· Службен
дел: национална
легислатива, Одлуки на
Уставниот суд;
· Огласен
дел: објави на судски
огласи, нотарски огласи,
јавни повици за тендери, објави на други акти од причини на транспарентност и
сл.;
· Меѓународни договори (мултилатерални и билатерални);
· Декларации,
заеднички позиции и демарши на Европската унија кон кои се придружува/прифаќа Република
Македонија на покана од Европската унија
и
· Резолуции
на Советот за безбедност на ООН со кои се воведува, изменува или укинува режим на санкции против
држави, ентитети или поедици.
Финансирањето на претпријатието е од сопствени средства.
Претпријатието нуди два вида на претплата на службеното
гласило “Службен весник“: претплата на печатеното издание и на електронското
издание. Печатената верзија на текстовите е единствена службена верзија што е
правно-обврзувачка.
Вработените во претпријатието ја вршат целата подготвителна
работа за печатењето (проверка на текстот, корeгирање, форматирање за печатење
и сл.). Правните акти за објавување во “Службен весник на РМ“ се доставуваат до
претпријатието во печатена и во електронска верзија и истите, по правило, се
објавуваат во првиот нареден број на „Службен весник на Република Македонија“,
ако се доставени за објавување во пропишаниот рок.
ЈП Службен весник на РМ е член на Европскиот форум на
службените весници при што остварува успешна соработка со oвластените издавачи
на службените весници на земјите од регионот, како и пошироко, што е од особено
значење за размената на искуства.