ОРГАНИ НА УПРАВУВАЊЕ:
Органи на Јавното претпријатие се: Управниот одбор, Одборот за контрола на материјално-финансиско работење/ Надзорниот одбор и Директорот.
Директор, Управен Одбор и Надзорен Одбор
ОРГАНИЗАЦИОНА ПОСТАВЕНОСТСо Јавното претпријатие раководи директорот на претпријатието, кој согласно членот 18 од Законот за објавување на законите и на другите прописи и акти во “Службен весник на Република Макeдонија“, по својата функција е и одговорен уредник на службеното гласило “Службен весник на Република Македонија“.
Раководителите на секторите во Јавното претпријатие му помагаат на директорот во спроведувањето на одлуките и заклучоците на Управниот одбор, како и во спроведувањето на основите на Програмата за работа и развој на Јавното претпријатие.
За успешно и ефикасно вршење на дејноста за која е основано Јавното претпријатие, тоа е организирано во:
Дирекција
Сектори