ОБЈАВА 1/2019 


за продажба на движни ствари – патнички моторни возила по пат на  јавно наддавањеВрз основа на Одлуката за продажба на движни ствари – патнички моторни возила сопственост на Јавното претпријатие Службен весник на Република Северна Македонија, Скопје, бр.02-1294/1 од 21.06.2019 година, Комисијата за продажба на движни ствари – моторни возила,  објавува:

-         

 ОБЈАВА бр.1/2019 За продажба на движни ствари  – патнички моторни возила по пат на јавно наддавање (Прва објава) 

1. ПРЕДМЕТ НА ПРОДАЖБА СО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ

Предмет на оваа објава со јавно наддавање е продажба на движни ствари – патнички моторни возила сопственост на Јавното претпријатие Службен весник на Република Северна Македонија.  

 

2. ПОДАТОЦИ ЗА ПАТНИЧКИТЕ МОТОРНИ ВОЗИЛА КОИ СЕ ПРЕДМЕТ НА ПРОДАЖБА

Податоци за возилото

Проценета почетна цена

Депозит

Минимален

чекор

Час / почеток


1.       Пат­нич­ко мо­тор­но во­зи­ло DAEWOO,Тип/мо­дел: NUBIRA SX, Ре­гис­тар­ски број: SK-437-RI, Број на ша­сија: KLAJF696E1K591096, Број на мо­тор: A16DMS021305D, Го­ди­на на про­из­вод­ство: 2001, Поминати километри: 154.000, Си­ла на мо­то­рот: 77,80 KW, За­фат­ни­на на мо­то­рот: 1598 cm3, Места за седење: 5 и бо­ја на ка­ро­се­рија: 76 металик темно црвена (не регистрирано)

29.600,00 денари

бр. СВ- V 105/2017

2.960,00 денари

100 денари

09:30 часот


2.       Пат­нич­ко мо­тор­но во­зи­ло FIAT,Тип/мо­дел: PALIO NJE7, Ре­гис­тар­ски број: SK-819-LG,Број на ша­сија: ZFA17800000923515,Број на мо­тор: 8970602,Го­ди­на на про­из­вод­ство:1999, Поминати километри: 121.000, Си­ла на мо­то­рот: 54 KW, За­фат­ни­на на мо­то­рот: 1242 cm3, Места за седење: 5 и бо­ја на ка­ро­се­рија: 7f металик сива. (не регистрирано)

25.600,00 денари

бр. СВ- V 105/2017

2.560

денари

100 денари

10:00 часот

 

3. ДАТУМ НА ОДРЖУВАЊЕ НА ЈАВНОТО НАДДАВАЊЕ

Јавното наддавање ќе се одржи на ден 09.07.2019 година, во просториите на Јавното претпријатие, по принципот видено – купено.

 

4. ПРАВО НА УЧЕСТВО

Право на учество на јавното наддавање имаат сите заинтересирани домашни и странски физички и правни лица кои можат да се стекнат со сопственост на движните ствари на територијата на Република Северна Македонија согласно со закон и кои ги исполнуваат условите дадени во објавата.

Право на учество немаат вработените во на Јавното претпријатие Службен весник на Република Северна Македонија и лица осудени со правосилна пресуда за извршено кривично дело.

Заинтересираните лица можат да учествуваат за едно или двете возила со поднесување на Пријава за учество поединечно за секое возило.

Увид на движните ствари –секој работен ден во периодот од 10 до 14 часот, а најдоцна 48 часа пред часот на отпочнување на јавното наддавање, во катната гаража “Судска Палата„, Скопје, каде се сместени возилата. Лице за контакт: Сашо Кукески тел.075-389-846.

 

5. УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО НА ЈАВНОТО НАДДАВАЊЕ  

Заинтересираните правни и физички лица поднесуваат Пријава за учество на јавното наддавање, која треба да содржи:

1.       Изјава за прифаќање на условите што се дадени во оваа Објава;

2.       Изјава за исполнување на условите што се дадени во оваа Објава;

3.Депозитот се плака во денари, вирмански, на сметка на Комерцијална банка бр.300000000188798 со цел на дознака “депозит за јавно наддавање за  лицитација бр. 1 или  2  ”,  а  физичките лица во цел на дознака задолжително  да ја напишат сопствената трансакциска сметка.  Депозитот се враќа во рок од 3 (три) дена  од денот на јавното наддавање.

4.Доказ за идентитет за правни лица;

– тековна состојба од Централен регистар на РСМ. – не постара од шест месеци (за домашни правни лица);

– извод од регистрација од соодветен регистар во државата од која доаѓа (за странски правни лица);

5. Доказ за идентитет на физички лица:

– копија од лична карта или патна исправа;

6. Е-маил адреса на подносителот на пријавата, преку која ќе се врши известување за учество на  јавното наддавање.

 

6. РОК ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НА ПРИЈАВИТЕ

Рокот за поднесување на пријава за учество на јавното наддавање е најдоцна до 06.07.2019 година, до 16,00 часот во архивата на Јавното претпријатие. Службен весник на Република Северна Македонија, Скопје, на адреса бул.“Партизански одреди„ бр.29, во затворено плико, со назнака за Комисија за недвижни и движни ствари.    

Правилата за постапката за јавното наддавање заинтересираните правни и физички лица ќе ја добијат во архивата на Јавното претпријатие, во хартиена форма, во моментот на поднесување на пријавата за јавно наддавање.

Најповолниот понудувач во рок од 3 (три) дена од денот на приемот на писменото известување за избор е должен да ги уплати средствата согласно постигнатата крајна цена за возилото на сметка на Јавното претпријатие, по што се склучува  Договор за продажба на движна ствар.

 

 

 

Комисија за движни ствари